Пациентка од психијатриската болница во Демир Хисар се здобила со тешки повреди кога испаднала од болнички автомобил, кој го возел вработен во болницата, соопшти МВР.
„На 21.06.2022 во 00.05 часот во СВР Битола било пријавено дека на патен правец Демир Хисар – Битола, во близина на крстосница за с.Кутретино, 43-годишна пациентка на ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар испаднала од патничко моторно возило „рено” со битолски регистарски ознаки, сопственост на болницата, кое го управувал И.Д.(34) од Демир Хисар, а сопатник била медицинска сестра во установата“, велат од полицијата.
Притоа, пациентката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола, се додава во соопштението. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Демир Хисар.