петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsНиту една населба во Штип повеќе нема да биде заборавена: Сењак 4...
spot_img

Ниту една населба во Штип повеќе нема да биде заборавена: Сењак 4 добива нов современ парк со повеќенаменски детски игралишта! (ФОТО)

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов најави дека граѓаните на Сењак 4 ќе добијат нов, современ парк со повеќе детски игралишта и содржини.

Јорданов потенцираше дека Општината со овие проекти ќе покаже дека ниту една населба во Штип повеќе нема да биде заборавена, а парите од буџетот на граѓаните ќе завршат во вложување на урбанизација, инфраструктура и останати намени за нивните потреби.

„Заборавената населба Сењак 4 ќе добие современ парк со повеќенаменски детски игралишта и содржини. Проектот предвидува изградба на повеќенаменско детско игралиште, игралиште за мал фудбал со вештачка трева, ново игралиште за баскет, целосно осветлување и уредување со нова урбана опрема“, изјави Јорданов на својот Фејсбук профил.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ