петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаНе е потребно да одите во Пиза за да ја видите кривата...
spot_img

Не е потребно да одите во Пиза за да ја видите кривата кула, доволно е да тркнете до Карпош и да се сликнете со семафорското ремек-дело (ВИДЕО)

Златен семафор тука во близина на салата „Борис Трајковски“, вие ќе одите во Пиза, дојдете тука да се сликате, говори Влатко Иљачев на својот профил на ТикТок.

На социјалната мрежа ТикТок е споделено урнебесно видео од семафор на булеварот Партизански одреди во Карпош кој е потпрен со бетонска плоча за да не падне.

Лицето кое го снимило видеото во него говори дека не е потребно да отидете во Пиза за да ја видите кривата кула, доволно е да тркнете до Карпош каде што може да се види ова ремек-дело.

– Македонска конструкција, братче. Гледај си ставил бетон за да го потпре семафорот. Слушај, каква кула во Пиза, гледајте го ова. Златен семафор тука во близина на салата „Борис Трајковски“, вие ќе одите во Пиза, дојдете тука да се сликате – говори Влатко Иљачев на својот профил на ТикТок.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ