понеделник, април 29, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsНа денешен ден во Штип е роден Никола Иванов- Балтон, наш истакнат...
spot_img

На денешен ден во Штип е роден Никола Иванов- Балтон, наш истакнат академски сликар

На денешен ден (31.01.), во 1948 година, во Штип е роден Никола Иванов- Балтон, наш истакнат академски сликар.

Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на Петар Мазев. Живеел и работел во Скопје.Во неговиот творечки опус најзастапено е сликарството, додека во неговата уметност застапени се и ликовните медиуми – витраж и мозаик.Има учествувано на повеќе групни изложби и колонии кај нас и светот, меѓу кои во Белград, Подгорица, Дензли, Париз, Вилмингтон, Њујорк, Детроит, а се претставил самостојно на дваесеттина изложби во Скопје, Битола, Струмица, Охрид, Софија, Белград, Лејза (Швајцарија), Подгорица, Париз.Во текот на животот, има добиено повеќе награди, меќу кои: 1970 „Млади сликари на град Скопје“, 1984 Откупна награда од ФАС “11 Октомври”, 1986 Музеј на современа уметност, “Аквизиции VI”, 1994 “Лазар Личеноски”, Скопје, 2011 „Нерешки мајстори“.Балтон повеќе од четири децении беше присутен на ликовната сцена, и инспириран од македонското поднебје, создаваше пејзажи и предели. Неговото име се спомнува како прв соработник на Петар Мазев при изведбата на големиот мозаик во Спомен – костурницата во Велес.Починал како генерален секретар на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, на 31 декември 2012 година, во Дојран.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ