недела, април 28, 2024
spot_img
ПочетнаСпортНајдобриот македонски каратист не успеа да стигне до борбите за медал, Павлов...
spot_img

Најдобриот македонски каратист не успеа да стигне до борбите за медал, Павлов го заврши настапот на Европските игри во Краков

Најдобриот македонски каратист Емил Павлов не успеа да стигне до борбите за медал на Европските игри во Краков, Полска.

Тој својот настап го заврши во групната фаза со скор од една победа и два порази. Откако во првото коло загуби од домашниот каратист Mилош Сабјецки, во втората рунда славеше над Турчинот Бурак Ујгур.

Во решавачката борба во 3. коло против Романецот Стефан Команеску, Павлов цело време го контролираше резултатот, но мал пад на концентрацијата на пет секунди до крајот беше доволен за пораз.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ