сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаНародот соголен до гола кожа, а Петровска со „мускули“ во Брисел: Нудиме...
spot_img

Народот соголен до гола кожа, а Петровска со „мускули“ во Брисел: Нудиме воена помош на Украина, Македонија е спремна за акција кон Русија!

Министерката за одбрана Славјанка Петровска овие два дена учествува на НАТО состанокот со нејзините колеги од Алијансата, една од темите на денешната седница ќе биде буџетот за одбрана во контекст на војната во Украина, јави дописничката на МИА од Брисел.

Неколку земји членки на Алијансата, главно на истокот на Европа, би сакале земјите да издвојат повеќе од два отсто од бруто домашниот производ за одбранбени цели поради војната во Украина, но отпорот е голем, посебно во западноевропските земји. Стапката од два отсто од БДП за воени цели сѐ уште не е постигната во огромното мнозинство членки на Алијансата. Но сепак, потврди министерката, темата се дискутира во НАТО.

-Со оглед на зголемувањето на безбедносните ризици, меѓутоа и притисоците што ги има воената индустрија, да, зголемувањето, или инвестирањето во одбраната и безбедноста на национално ниво и како земји членки е оправдано, затоа што одбраната е нешто што на сите ни е потребно и бара долгорочно планирање и инвестирање, вели Петровска за МИА.

Украина вчера беше една од главните теми на дискусии за 30-те земји членки на Алијансата, кои повторно се заложиле дека ќе продолжат да и помагаат на земјата да се справи со руската инвазија.

-Се договоривме, впрочем како и на другите состаноци, дека помошта од страна на сите сојузници ќе продолжи во мера и во обем во кои секоја земја членка може да придонесе, затоа што сме обединети околу тоа дека на Украина и е потребна помош со која таа ќе се брани од неоправданата инвазија од страна на Русија. Македонија е подготвена за воена помош на Украина, пренесе министерката за одбрана.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ