понеделник, април 29, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsМирна ноќ за штипјани: Изгаснат пожарот во регионот кој поради ветерот излезе...
spot_img

Мирна ноќ за штипјани: Изгаснат пожарот во регионот кој поради ветерот излезе од контрола

Пожарот кој од депонијата „Трештена скала” се прошири и излезе надвор од контрола, а огнените јазици поради ветерот пристигнаа и во атарите на селата Софилари и Пенуш, е целосно изгаснат.

Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека пожарникарите со четирите возила се вратени во ТППЕ- Штип. МИА претходно објави дека се зафатени ридови со сува трева и нискостеблеста шума, а пожарникарите не дозволија огнот да зафати и неожнеана нива со жито. Според проценките на Коцев опожарени се околу 40 хектари.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов најави дека утре ќе даде повеќе информации и детали околу пожарите на депонијата.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ