петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаМЕПСО: Скопје не остана без струја поради човечки фактор
spot_img

МЕПСО: Скопје не остана без струја поради човечки фактор

Човечки фактор не е, но која е причината што половина Скопје, Велес, Овче Поле… останаа без струја повеќе од половина час вчера попладне – работна група од МЕПСО допрва ќе истражува.

„Дефект на овој далекувод позади мене е причината поради која вчера изби пожар овде во Пинтија, по што половина Скопје и неколку други градови останаа без струја половина час.“

Директорот Орхан Муртезани за Канал 5 објаснува дека според првичните информации дефектот најпрво настанал во Бунарџик, а потоа се префрлил на трафостаницата во Пинтија, и предизвикал пожар..

„Дефект на изолаторска верига на 110 киловотниот далекувод од Скопје 4 према Бунарџик ја предизвикал таа ситуација. Од дефектот се исклучил прекидачот во трафостаницата 4 во Пинтија на далекуводот. Во исто време реагира заштитата на трансформаторите 410 киловолти од кои се напојуваат сите трафостаници во Скопје, а со тоа и на цело Скопје. “ ИЗЈАВИ Орхан Муртезани, директор на МЕПСО

Колкави се и дали има штети допрва ќе се истражува. Муртезани вели дека ова не е дефект со кој досега не се соочиле. За да не настане поголема хаварија нужно било да се исклучи напојувањето со струја, за екипите на противпожарната бригада да може да интервенираат и да го изгасат пожарот.

„Вчера имаше 2 дефекти од Бунарџик кој се пренесе до трафостаница 4. Треба да се испита зошто тоа се случило и зошто се исклучи цела станица. Бидејќи заштитата требала и на друг начин да реагира, но станува збор за комплексни софтвери кои треба да се анализираат за точен одговор зошто и како е дојдено до низа дефекти.“ истакна Орхан Муртезани, директор на МЕПСО

Состојбата со снабдувањето со електричната енергија сега е стабилна.

Инаку ова се случува во ек на најголемата енергетска криза досега, но причините за пожарот не се поврзуваат со неа.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ