петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsМалолетник со другар од Штип ограбувале куќи, обложувалници, продавници – полицијата ги...
spot_img

Малолетник со другар од Штип ограбувале куќи, обложувалници, продавници – полицијата ги најде и украдените предмети

По преземени мерки и активности полициски службеници од Полициската станица Штип и Отсекот за општ криминал при СВР Штип расчистија четири кривични дела „тешка кражба“.

„Три дела биле извршени во февруари и април во обложувалница и продажен објект во Штип, од каде биле одземени повеќе предмети, а осомничени и приведени биле Е.Џ.(20) и еден малолетник од Штип. Четвртото дело „тешка кражба“ било извршено на 24.04.2023 од куќа во Штип, од каде биле одземени повеќе предмети, а осомничен и приведен бил Е.Ј.(18) од Штип“, велат од МВР.

Во службен разговор во полициска станица тие ги признале кривичните дела, а поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ