недела, април 28, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаЛоши студентски услови-причина за голем број студенти кои си заминале од Македонија
spot_img

Лоши студентски услови-причина за голем број студенти кои си заминале од Македонија

„Проблемот со реконструкција на студентските домови кое што сеуште не е отпочната и која што ги фрустрира студентите . Исто така квалитетот на храната во мензите која што е неквалитетна, така што студентите постојано се гневни поради тоа. Укинат ни е и појадокот така што скратен им е еден оброк“, вели Савче Ѓошева студентска правобранителка на УКИМ.

„Не се учи на празен стомак, тоа сите го знаеме ама треба да им биде јасно и на тие што се одговорни за тоа“, вели Александар Мирчески студент на Филозофскиот факултет.

Ова се дел од низата проблеми со кои што се соочуваат студентите. Револтирани од студентските услови, велат уште не го завршиле високото образовнаие а веќе размислуваат да заминат од државата. Надлежните ниту имаат слух за проблемите ниту соработуваат велат студентите и бараат поголема ажурност.

„Очекувавме министерот да дојде денес да кажеме што се случува. но тој не е тука и се надевам дека ќе добиеме термин за состанок да си ги кажеме проблемите“, вели  Александар Николовски  претседател на УСС на УКИМ.

„Еден апел до надлежните да го слушнат гласот на студентите и нивните барања“, вели Савче Ѓошева студентска правобранителка на УКИМ.

Студентите ги завршуваат додипломските студии во Македонија и продолжуваат на достуриање во странство кои потоа стануваат професори и експерти, не само во нашата држава туку и надвор од неа тврди деканот на Филозофскиот факултет.

„ Да ја поттикнеме општествената одговорност во заедницата за грижата не само на универзитетот и на државата, туку генерално и на бизнис секторот за грижата за студентите и нивно вклучување во создавањето на кадрите кои што не се потребни само на државата туку и на стопанството“, вели Проф. Д-р Ратко Дуев декан на Филозофски факултет Скопје.

Под мотото Студентите и студентскиот стандард на Филозофскиот факултет се 17 ти ноември меѓународниот ден на студентите. Покана имаа и премиерот Димитар Ковачевски и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, за кои како што велат студентите да им ги кажат лице в лице проблемите со кои се соочуваат,но не се појавија а премиерот имаше порака преку видео обраќање.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ