недела, април 28, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаКовачевски фатен во „шах-мат“: Новинар со леб и фискална сметка му докажа...
spot_img

Ковачевски фатен во „шах-мат“: Новинар со леб и фискална сметка му докажа на премиерот дека цените не се намалени (ВИДЕО)

Новинар од телевизија Алсат, на денешната прес-конференција во Владата, му даде леб и фискална сметка на премиерот Димитар Ковачевски за да му покаже дека основните производи не се поевтинети како што се најавуваше изминатиов период.

Новинарот рече дека лебот го купил 10 минути пред да почне пресот и посочи дека цената на истиот леб пред три недели била 51-52 денари, а и денеска лебот чинел 51 денари.

Ковачевски го зеде лебот о и фискалната сметка од новинарот и му одговори дека и тој го купува истиот леб и дека знае колку е цената. Министерот за економија Крешник Бектеши на пред еден месец најави дека цените на основните прехранбени производи ќе се намалат. Ракциите во јавноста се дека цените воопшто не се намалени.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ