понеделник, април 29, 2024
spot_img
ПочетнаСценаИзвонредниот танчер, Бојан Мицев по пет години повторно во родниот Штип: Публиката...
spot_img

Извонредниот танчер, Бојан Мицев по пет години повторно во родниот Штип: Публиката ќе ужива во танцовата вечер „Компоненти“

Танчерот, Бојан Мицев од Штип кој гради интернационална кариера во странство деновиве се враќа во својот град најавувајќи ја танцовата вечер „Компоненти“.

Станува збор за настан кој ќе се одржи в среда во Центарот за култура „Ацо Шопов“ со почеток во 20:30 часот. Бојан ги откри деталите за ММС, додавајќи дека последен пат пред штипската публика настапил пред околу пет години.

„Со радост ја најавувам танцовата вечер „Компоненти”, каде публиката ќе може да ужива во пет различни дела од областа на современиот танц кои се креирани исклучиво од македонски кореографи. Посебна чест е тоа што освен справувајќи се со организацискиот дел, исто така ќе земам учество во програмата како танчер и кореограф заедно со уште една танчерка од Танцовата компанија Оснабрук од Германија. На вечерта исто така ќе бидат презентирани дела од Адријана Данчервска Ровчанин, Елена Антонова Петровиќ, Јована Зајкова, Бобан Русески, Елизабет Колевска и Ели Донев. Програмата ќе трае околу 60 минути“, истакнува Мицев.

Со ваквата танцова вечер всушност почнува проектот Современа танцова тура 6 на Здружението за културни активности Моушн Нетворк Штип.

-Понатаму во склоп на овој проект ќе биде реализирана и едукативна програма преку работилници за современ танц и тоа во Штип (23 јуни), Струмица (24 јуни) и Кочани (25 јуни). Проектот се реализира со поддшка од Министерство за култура како и Општина Штип и НУЦК „Ацо Шопов” во делот на изведувачката програма – „Компоненти” – објаснува младиот танчер и кореограф.

Последен пат настапил во Штип на макфестовската сцена заедно со танчерите од танцовото студио УРБАН КРУ во придружба за сценски настап со Зоран Илиев и Анабела Атијас кои тогаш освоија прво место.

Од тогаш па до сега многу работи се променети во однос на мојот поглед кон танцот и градење на истиот како начин на живот и професионална ориентација. Чувството на возбуда расте сè повеќе како што се ближи денот бидејќи сепак станува збор за домашна публика која ме следи уште од самиот почеток – додава Бојан.

Тој вели дека овојпат се враќа само на една недела, но со турбо темпо и многу настани. Ден пред настанот во Штип, Бојан ќе гостува и на танцов фестивал во НОБ со почеток 19:30ч, а во организација на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Извор:mms.mk

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ