петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаСпортЗа Шпанија не постои Косово, па им забрани на каратистите од оваа...
spot_img

За Шпанија не постои Косово, па им забрани на каратистите од оваа држава да настапат на ЕП

Косовската карате репрезентација нема да може да настапи на Европското првенство кое од денеска до 26 март се одржува во шпанскиот град Гвадалахара, соопшти Олимписката федерација на Косово.

Истиот извор наведе дека Шпанија, која е една од петте земји – членки на ЕУ кои не го признаваат Косово, забранило настап на косовски каратисти со државни обележја.

„Олимписката федерација на Косово со загриженост го доживува дискриминирањето на косовските спортисти од страна на држави кои и натаму ги мешаат спортот и политиката. Поради непризнавање на нашата држава, на нашата карате репрезентација не ѝ е дозволено рамноправно да се натпреварува со останатите натпреварувачи на ЕП. Тоа од организаторите на ЕП се известени дека локалните власти не дозволиле истакнување на нашите државни обележја“, се наведува во соопштението.

Од Олимписката федерација на Косово најавија дека за целиот случај ќе биде известен Меѓународниот олимписки комитет.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ