недела, април 28, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаЕП 2024: Сите на стадион, Македонија вечерва игра против Украина
spot_img

ЕП 2024: Сите на стадион, Македонија вечерва игра против Украина

Македонската фудбалска репрезентација вечерва со почеток во 20:45 часот во рамките од квалификациите игра против Украина. Ова е втор меч за двете селекции. На првиот натпревар Македонија победи против Малта со 2:1, а Украина загуби од Англија со 2:0.

Според очекувањата, иако е гостин, селекцијата на Украина е фаворит. Најавите од нашиот табот, пред се од селекторот Благоја Милевски и капитенот Стефан Ристовски се дека вечерва ќе се оди на втора победа во квалификациите, иако потенцираат дека Украина е силна репрезентација.

Селекторот на фудбалската репрезентација на Украина, Сергеј Ребров имаше само пофални зборови за селекцијата на Македонија пред утрешниот меч.

„Македонија ја исфрли Италија во плеј-офот за Светското првенство 2022, ја совлада и Германија на гости. Го сфаќаме натпреварот многу сериозно. Мора да го почитуваме противникот, но и да размислуваме на нашата игра“, истакна Ребров.

Македонија и Украина досега пет пати се сретнале. Статистиката е на страната на Украинците. Единствената победа ја забележавме во 2004 година кога дел од репрезентацијата беше сегашниот селектор на Украинците, Сергеј Ребров. Тогаш победивме со 1:0 со голот на Горан Ставревски.

ДУЕЛИ ПОМЕЃУ МАКЕДОНИЈА И УКРАИНА

2003: УКРАИНА – МАКЕДОНИЈА 0:0

2004: МАКЕДОНИЈА – УКРАИНА 1:0

2014: УКРАИНА – МАКЕДОНИЈА 1:0

2015: МАКЕДОНИЈА – УКРАИНА 0:2

2021: УКРАИНА – МАКЕДОНЈА 2:1

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ