недела, април 28, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Српски политичар објави снимки од Панче со киднаперите и дел...
spot_img

ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Српски политичар објави снимки од Панче со киднаперите и дел од исказот на таткото на Вања

Сѐ уште се појавуваат нови информации за случајот со двојното убиство на Вања и Панче. На Јутуб каналот на „Срѓан Ного“ се појави видео каде се отвора сомнеж дека можеби токму таткото на малата Вања го открива целиот настан.

На кратката снимка се слуша како политичарот Ного вели дека има снимки од бензинска станица каде се гледа како Панче Жежовски е заедно со киднаперите, но и разговор на таткото на Вања со инспекторите. Според тоа што го кажува политичарот, а и краток видео материјал од разговорот се отвора сомнежот дека баш Александар Ѓорчевски, татко на убиеното 14-годишно девојче Вања го открива целиот случај.

Во меѓувреме таткото на Вања беше медиумски оцрнет, а освен тоа доби и притвор и моментлно е приведен Александар Ѓорчевски.

Политичарот на видеото објаснува дека ќе објави нови инфорамции.

„Снимките докажуваат дека тој лично, а не полицијата, го открил, поврзал и разрешил случајот со исчезнувањето на Панче Жежовски и неговата ќерка, па ги предал доказите за што е неправедно осомничен, уапсен, и медиумски сатанзиран. Ќе објавиме и многу други информации скриени од јавноста“, вели Ного во објавената снимка.

Српскиот политичар најавува дека допрва ќе објавува нови информации за овој случај, за како што вели, она што полицијата го сокрила од македонската јавност.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ