сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаСценаЕдвај го издржал концертот за покојниот ДУЛЕ – КОКИ покажа кој момент...
spot_img

Едвај го издржал концертот за покојниот ДУЛЕ – КОКИ покажа кој момент го оставил на нозе!

Пејачот и виолинист, член од некогашното популарно дуо „Дуле и Коки“, популарниот Коки е еминентен  музичар. Тој по големата загуба прераната смрт  на неговиот колега, но пред се другар Дуле , по извезно време пуаза продолжи да создава квалитетна музика.

„Во 2013 кога си замина Дуле, јас не знаев ни да свирам, ни да пеам. Не знаев што понатаму, не знаев како да продолжам со музиката и со настапите. Дуле беше пејачот, беше мангуп, луѓето го сакаа, јас секогаш бев во позадина. Затоа не ми беше лесно вечерва да бидам фронтмен“, изјави Јанков за Смарт сдк.мк.

Јанаков многу се плашел како ќе го издржи концертот, вели дека мислел дека нема да преживе од возбуда на сцената. Но еден момент му помогнал да ги смири емоциите.

На сцената се качила неговата прекрасна ќерка Лара и го прегрнала. Понекогаш само една прегратка е доволна. Погледнете је фотогарфијата полна љубов.

Во публиката присуствувале и најтесното семејството на Дуле: неговата сестра Марија, мајката, таткото и братот. Еден од внуците на Љубисављевиќ, синот на брат му кој е роден по неговата смрт, се вика Душан, по својот чичко. И внуците на покојниот пејач ,пренесува порталот.

„Му благодарам на семејството на Дуле што некако издржа и дојде тука“, рече Коки и се поклони пред нив.

Штипјани во едне глас ги пееле хитовите „Марама“, „Колку треба да се плати“ и „Виолина и гитара“, победничката песна од „Макфест“ од 1996 година која го прослави дуото „Дуле и Коки“. На концертот Јанков ја испеа и „Песна за Дуле и Коки“. Автор е актерот и шоумен Игор Џамбазов, кој ја отпеал со својата гитара на ТВ-снимање. Без да знае Џамбазов, Дуле го снимил со својот мобилен телефон и таа оригинална снимка се најде на еден од албумите на Дуле и Коки.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ