недела, април 28, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsДрвокрадци во Штип фрлале дрва на патот бегајќи од шумската полиција
spot_img

Дрвокрадци во Штип фрлале дрва на патот бегајќи од шумската полиција

На 23.10.2023 полициски службеници од Полициската станица Штип ги лишиле од слобода Љ.Д.(44) и Б.Џ.(45), двајцата од Штип, бидејќи во близина на сeлото Кошево, со комбе натоварено со огревно дрво, фрлале дрва на патот со цел да ги спречат вработените од шумска полиција во содејство со полициски службеници од СВР-Штип, во извршување на службените задачи.

Комбето и дрвата биле одземени и ќе бидат предадени на шумско стопанство за понатамошна постапка.

За случајот запознаен е јавен обвинител и по целосно комплетирање и документирање против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, објави МВР. 

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ