сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаСпортДенот „Д“: КК Соколи пред историски пласман во Првата лига - Штипјани...
spot_img

Денот „Д“: КК Соколи пред историски пласман во Првата лига – Штипјани на цел глас за нашиот кошаркарски ас

Денес е денот „Д“ за КК Соколи 1933 од Штип, кои вечерва во 17 часот во Охрид ќе излезат на мегдан во мисија за обезбедување пласман во Првата македонска кошаркарска лига.

Вчера, се огласи и градоначалникот на Штип Иван Јорданов, кој даде јавна поддршка на штипските кошаркари.

„Во пресрет на утрешниот решавачки дуел со тимот на Охрид, упатувам поддршка до КК Соколи 1933 со искрена желба за испишување на нова страница од спортската историја на нашиот град! Досега постигнатите успеси треба да бидат дополнителен мотив за уште една победа, Штип заслужува тим во Првата македонска кошаркарска лига. Вие сте штипско чудо, храбро до крај!“, гласаше пораката на Јорданов.

Тренерот Иван Јованов дополнително изјави дека се подготвени за денешната средба, но и дека атмосферата е позитивна, упатувајќи длабока верба во неговите момци и во победа над тимот од Охрид.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ