сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаСпортДемократијата на дело: Ѓоковиќ не добил зелено светло за влез на американска...
spot_img

Демократијата на дело: Ѓоковиќ не добил зелено светло за влез на американска територија

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не доби дозвола за влез во САД и не може да настапи на турнирите во Индијан Велс и Мајами.

Ѓоковиќ не може да влезе во САД поради тоа што не е вакциниран, а се надеваше на специјална дозвола, која очигледно нема да ја добие без разлика на поддршката од директорите на Ју-Ес Опен и турнирот во Мајами.

Србинот има само една опција да влезе во САД, а тоа е да чека „милост“ од американскиот претседател Џо Бајден, кој може да дозволи влез на Ѓоковиќ во САД.

Забраната за влез на странски државјани без вакцина ќе биде укината на 11 мај, но турнирите се играат во текот на март.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ