недела, април 28, 2024
spot_img
ПочетнаСценаГрадоначалникот Јорданов заедно со Пајак и Лара официјално го кренаа фестивалското знаме...
spot_img

Градоначалникот Јорданов заедно со Пајак и Лара официјално го кренаа фестивалското знаме за старт на 38-то макфестовско издание

Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов и минатогодишните учесници, Пајак и Лара денес го кренаа фестивалското знаме, а со самото тоа го означија почетокот на годинешното, 38-мо издание на реномираниот фестивал „Макфест“.

Овој посебен и свечен чин за градот Штип, а и Македонија се одржа утрово, петок 20-ти октомври пред хотелот „Оаза“.Како што и веќе најавивме, 38-то фестивалско издание ќе се случи на 20-ти и 21-ви октомви во Домот на културата во Штип. Награда ќе има само една, за најслушана песна меѓу два фестивала, а песните ќе бидат ставени на носач на звук, цедето ќе биде готово до почетокот на фестивалот. Водителската двојка е истата од минатата година, препознатливата и прекрасна Марјана Станојковска и Димитар Атанасовски, а ќе има и познати презентери.Македонска телевизија директно ќе го пренесува фестивалот „Макфест“ на нивната прва програма, а ќе го емитува и Македонското радио.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ