петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsГрадинка во населбата Три чешми – долгогодишна желба на жителите, ќе се...
spot_img

Градинка во населбата Три чешми – долгогодишна желба на жителите, ќе се реши ли проблемот?

Да ги чуваат бабите и дедовците или да одат во градинка десетина километри подалеку се опциите за родителите на децата во штипската приградска населба Три чешми. Градинка во населбата нема, а најблиската во Штип е десетина километри подалеку. Деца има, велат тамошните жители, кои ги чуваат своите внуци и кои со нив беа излезени на прошетка. Сепак, не сите родители имаат можност додека се на работа да ги остават децата на чување некому, па патуваат до најблиската градинка, иако и тоа е проблем, бидејќи капацитетите во градинките често се полни.

Изградба на детска градинка или преадаптација на просториите во тамошното училиште се некои од решенијата за децениската желба на жителите. Како што велат тие, простор има, а надлежните пројавиле и иницијатива, но реализација сѐ уште нема.

За проблемот од оваа населба знаат и локалните власти. Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, истакна дека постои план со кој дел од просториите на училиштето би се намениле за згрижување на деца. Меѓутоа, ваквата иницијатива треба да се достави до Министерството за труд и социјална политика.

Ребека Спасова М-Нет

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ