сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно со сончеви периоди, попладне дожд
spot_img

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно со сончеви периоди, попладне дожд

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои во вечерните часови локално ќе бидат пообилни (над 20 l/m2). Поради спуштање на значително постудена воздушна маса во ноќните часови ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите на планините и на некои повисоки места ќе преминат во снег, но ќе слабеат по интензитет.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Попладне и во вечерните часови ќе има врнежи од дожд. Во ноќните часови ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите на околните планини ќе преминат во снег, но со слаб интензитет. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 14 степени.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и студено време со засилен, повремено силен ветер (над 80 km/h) од северен правец. На повисоките места и на планините ќе има слаби локални врнежи од снег, особено во сабота.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ