Наутро во Македонија ќе преовладуваат со ниски температури за овој дел од годината, а преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи во интервал од -2 до 7 степени, а дневната од 10 до 22 степени.
Во Скопје наутро свежо, а преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде 2 степени, а максималната 20 степени.
Времето утре наутро ќе биде свежо, а преку денот променливо облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во северните делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд.
Во Скопје утре наутро свежо, а преку денот променливо облачно со услови за краткотарен дожд. Ќе дува слаб променлив ветер.