сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsВо паркот „Осми Ноември“ се засадени над 30 дрвца, а исто така...
spot_img

Во паркот „Осми Ноември“ се засадени над 30 дрвца, а исто така планира се изградба на памп патека и летна сцена

Денеска во паркот во населбата Осми Ноември во Штип беа засадени повеќе од 30 дрвца. Покрај секое дрво ќе биде поставена информативна табла за да го идентификуваат граѓаните. Оваа акција има за цел да ги одржува зелените површини во градот.

„Со соработка на одговорни компании, вработените во Општина Штип и локалното население, целта е да се подигне свеста и да се негуваат зелените површини за подобар градски живот. Денеска беа засадени повеќе од 30 садници од различни сорти, а на секој од нив ќе биде поставена информативна плочка за да ги идентификуваат граѓаните“ – изјави Зајков.

Градоначалникот Јорданов истакна дека покрај денешната акција, планирани се и дополнителни содржини за паркот, вклучувајќи памп патека, летна сцена, а и најави изградба на најголемиот парк во иднина.


„За овој парк, она што можам да најавам како Локална самоуправа, се планираат дополнителни содржини. Тоа вклучува памп трака за велосипедисти и летна сцена, кои ќе ги засилаат нашите сограѓани да ги организираат различни манифестации. Нашата насока е да продолжиме да ги зголемуваме и збогатуваме зелените површини секоја година“ – изјави Јорданов.

Според него, ова ќе биде најголемиот парк кој ќе биде изграден во општината, а се очекува реализацијата на паркот оваа година. Јорданов најави дека паркот ќе биде парк на иднината, со многу содржини за граѓаните.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ