петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонија(Во живо) Пола држава на свеќи – познати причините зошто Македонија остана...
spot_img

(Во живо) Пола држава на свеќи – познати причините зошто Македонија остана без електрична енергија

Инфомакс пред малку доби неофицијална потврда за причините што главниот град Скопје и половина држава повеќе од половина час беше оставен без електрична енерегија.

Како што дознаваме причината за прекинот во снабдувањето на домовите со електрична енергија не е во универзалниот дистрибутер ЕВН, туку во високонапонска трафостаница на МЕПСО.

Последните информации кои ги добиваме од терен е дека во моментов има голем пожар во Кисела Вода, односно кај трафостраницата на МЕПСО во населба Пинтија.

Како што дознаваме во главниот град има неколку вакви високонапонски трафостаници од кои едната е на локацијата во Пинтија каде во моментов гори силен оган.

Екипата на Инфомакс се вклучи од лице место каде што се гледа како пожарникарите се справуваат со огнената стихија која ја загрози електричната инфраструктура на Скопје.

Но не само Скопје, повеќе од половина домаќинства во Македонија во моментов се оставени без електрична енергија. Како што дознаваме струја нема ниту во Свети Николе, Штип, Карбинци, Велес и други поголеми општини.

А неофицијално има проблем со уште една високонапонска трафостаница во главниот град!

Во моментов од надлежните прв на лице место е градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски кој се обидува да дојде до повеќе информации за причини за пожарот.

Подолу можете да го погледнете првото видео од експолозијата која е причината за големиот пожар:

(Во живо) Пожар под далековод до трафостаницата во Пинтија

(Во живо) Пожар под далековод до трафостаницата во Пинтија

Posted by infomax.mk on Sunday, February 13, 2022
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ