сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонија(Видео) Откако беа малтретирани со фрлање јајца и камења, еврејската група „Лев...
spot_img

(Видео) Откако беа малтретирани со фрлање јајца и камења, еврејската група „Лев Тахор“ префрлена во Скопје – МВР апелира на толеранција

Припадниците на групата која беше во Куманово и пред чие престојувалиште се собираа млади за да ги малтретираат со викање и фрлање јајца и камења се префрлени во Скопје од безбедносни причини.

Од МВР велат дека лицата (мажи, жени и деца од еврејската религиозна група Лев Тахор) го напуштиле Куманово. Синоќа пак пред куќата бил паркиран автобус за транспорт на групата.

„Лицата за кои прашувате го напуштија Куманово и во моментов се во Скопје. Потсетуваме дека овие лица ги почитуваат законите на Република Северна Македонија, се целосно со легален престој тука, и привремено престојуваат во нашата држава. Наведената група не претставува никаква опасност и апелираме на толеранција и солидарност кон истите“, велат за „Телма“ од МВР.

Како што раскажале дојденците за „Кумановски муабети“, доживеале дискриминација поради тоа што се Евреи и дека за нив е невозможно да бидат тука.

„Јас сум Евреин, но ние сме ортодоксни Евреи, стари Евреи. Дојде сопственикот на куќата и нѝ рече дека ќе го убиеле зошто ни ја изнајмил куќата, на луѓе што ним не им се допаѓаат“, рекол еден од лицата по име Голдмен.

Голдмен дека гласините дека лошо ги третираат децата не се точни, дека и самиот има дете, но дека некој дошол и му покажувал дека ги фотографирал додека си играле во дворот и дека тајно го снимал.

извор: Точка

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ