петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаСпорт(ВИДЕО) Мбапе во 94-та го потопи Реал, Сити со петарда во Лисабон
spot_img

(ВИДЕО) Мбапе во 94-та го потопи Реал, Сити со петарда во Лисабон

Двата воведни осминафинални пресметки од Лигата на шампионите синоќа донесоа интересен фудбал во Париз и Лисабон: ПСЖ и Реал патникот сепак ќе го одлучат во Мадрид

Тврд натпревар без многу шанси одиграа Пари Сен-Жермен и Реал Мадрид синоќа на преполниот „Паркот на принцовите“ во Париз. Домашните ја диктираа играта и го имаа поседот, меѓутоа бадијала кога едвај доаѓаа до самиот гол.

Шанса за „Светците“ се отвори кога во 62. минути добија пенал откако Дани Карвахал несмасно го фаулираше Килјан Мбапе. Одговорноста ја зеде Лео Меси, но Тибо Куртоа одлично го прочита и му го одбрани ударот од 11 метри.

Кога сите помислија дека натпреварот ќе заврши без голови и воедно без победник, во последната минута од четирите дадени како судиско надополнување Нејмар со пета го проигра Мбапе кој поита во гостинскиот шестнаесетник, се протна помеѓу Едер Милитау и Лукас Васкес и низ нозете на Куртоа ја затресе мрежата.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ