недела, април 28, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонија(Видео) Ковачевски по средбата со Ескобар - Нов договор нема да има,...
spot_img

(Видео) Ковачевски по средбата со Ескобар – Нов договор нема да има, Македонија мора да го отвори уставот

„САД биле, се и ќе бидат во текот на сите клучни процеси за демократски напредок на државата од независноста до денес и се поддржувачи на остварувањето на целите НАТО и ЕУ“, истакна премиерот Димитар Ковачевски по средбата со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

„Нов договор нема да има“, порача Ковачевски појаснувајќи дека со веќе постојната преговарачка рамка имаме целосна заштита на македонскиот идентитет и јазик. Билатералните односи со Бугарија нема да влијаат на процесот на европската евроинтеграција“, рече Ковачевски.

И одговори на опозицијата во врска со изјавите дека Владата коленичи пред странски дипломати за да вршат притисок за гласање на уставните измени.

„Тоа не е точно“, нагласи Ковачевски потенцирајќи дека САД биле, се, и ќе бидат со нас во текот на сите клучни процеси.

„Со Ескобар разговаравме за развојот на настаните и процесот во однос на нашиот евроинтеграциски пат, за успешниот тек на скрининг-процесот и процесот за почнување на уставните измени, кои, покрај ЕУ, и САД го сметаат за клучен и важен чекор во обезбедување на европска иднина и продолжува со евроинтеграциите“, посочи тој.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ