недела, април 28, 2024
spot_img
ПочетнаБалканБугарски медиуми: 14-годишно момче од Несебар убило македонски државјанин во Сончев Брег
spot_img

Бугарски медиуми: 14-годишно момче од Несебар убило македонски државјанин во Сончев Брег

Македонски државјанин на возраст од 49 години вчера е пронајден мртов во Сончев Брег во Бугарија. Осомничен за убиството е 14-годишно момче од Несебар, соопшти бугарската полиција, а пренесува новинаската агеција БТА.

Констатирано е дека телото е на 49-годишен државјанин на Република Северна Македонија, кој влегол во Бугарија на 24 јануари годинава преку граничниот премин Деве Баир- Ѓуешево. По извршениот увид на полицијата, меѓу кои распити, одземање видеоснимки од безбедносни камери и слично, утврдено е дека извршител на убиството е 14-годишник од Несебар, на кого му е одредена мерка притвор во траење од 24 часа, соопшти бугарското МВР.

Според истражителите, осомничениот делото го извршил удирајќи го со остар кол. Причините за убиството се истражуваат, а Обвинителството во Бургас се очекува во текот на денот да соопшти детали од истрагата.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ