петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаБугарите повторно крадат песни, овојпат ја присвоија „Една мисла имаме“ од Војо...
spot_img

Бугарите повторно крадат песни, овојпат ја присвоија „Една мисла имаме“ од Војо Стојаноски (ВИДЕО)

Песната „Една мисла имаме“ изведувана од македонскиот пејач Војо Стојаноски пред неколку години беше земена од бугарската пејачка Глорија, а познатите стихови преработени од „Македонија цела да е“ во „Бугарија цела да е“.

Станува збор за македонска песна чии автори се групата „Пелистер“, а текстот на Владе Георгиевски од истата група. Синот на легендарниот Војо, Драган Стојаноски неодамна реагираше дека никој од државата не се погрижил да реагира за авторските права на песната и како тоа од „чеда на Александар“ се дојде до „Аспарух“.

Истата песна сега доби нова верзија од бугарската пејачка Дана. Покрај голем крст, облечена и во бугарско знаме, Дана пее „България цяла да е“ и како тие не се „ни Руси ни Американци“. Во описот на видеото никаде не стои кои се авторите на песната од 1992 година.

Новиот спот за „Всеки да я знае“ доаѓа само неколку недели по кражбата на „Свадба е голема“, исто така изведувана од Стојаноски. Текстот за „Свадба е голема“ го напиша Рад­ми­ла Ми­тро­виќ, а му­зи­ка­та и аранж­ма­нот се на неј­зи­ни­от со­пруг Ни­ко­ла Ми­тро­виќ. И нивните имиња се изоставени во бугарската верзија.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ