петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsАдреналински парк и рециклажа на отпад во Штип приоритети преставени на форумот...
spot_img

Адреналински парк и рециклажа на отпад во Штип приоритети преставени на форумот на ИПР

Одржан форум во Општина Штип каде преставници од невладните огранизации, бизнис секторот, од општините најдобор ги нотираат проблемите за кои навремено треба и се регаира. Регионалните форуми од денес официјално започнаа, а главна тема на дискусицја беа проблемите во општините од Источниот дел од државата.

„Врз основа на потребите на граѓаните ќе носиме одлуки на еден инклузивен начин, затоа е потребно на ваквите форуми да се разгледаат потребите на граѓаните кои се од регионално значење и врз основа на тоа да се реализираат проектите во оваа година кои ќе имаат регионално значење за целиот регион“ – кажа Јорданов.

За Штип потребите се насочени кон туризмот и животната средина, конкретно изградбата на адреналинско авантуристички парк е од големо значење за градот под Исарот, како и рециклажа и селекција на отпадот. Форумите даваат резултат, децидна е раководителката на ИПР, Зуица Ангелова.

„Овој процес на реализиација и спроведување на регионални форуми веќе за нас е законска обврска од минатата година и не е залудно времето потрошено во овие форуми, бидејќи најдобро се нотираат проблемите и ние во периодот кој следуваше баравме нивни решенија“ – кажа Ангелова.

Во моментот ќе се дефинираат области, проблеми во тие области, за во понатамошиниот период од дев до три недели да се направи анлиза на теренот, се бираат здрави и зрели проекти кои може да се вклучат во приоритетните области и до крајот на мај истите да бидат аплицирани.

Лаура Стојанова М-Нет

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ