петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивотНајважните производи на „Tesla“ во 2022 година нема да бидат автомобилите
spot_img

Најважните производи на „Tesla“ во 2022 година нема да бидат автомобилите

„Би бил шокиран доколку годинава не постигнеме целосно автономно возење кое е побезбедно од човековото управување со возило“.

„Најважните производи на „Tesla“ оваа и наредната година нема да бидат автомобилите туку софтвер кој придвижува автономен и хуманоиден робот од кој компанијата очекува да ја олесни работата на луѓето во фабрика“, изјавил Илон Маск, главниот извршен директор на американскиот произведувач на електрични возила.

„Би бил шокиран доколку годинава не постигнеме целосно автономно возење кое е побезбедно од човековото управување на возило. Би бил шокиран “, изјавил Маск, додавајќи дека целосно автономното возење ќе стане „најважниот извор на профитабилност за Tesla“, известува „Ројтерс“.

Маск вели дека тоа е незамисливо добро, наведувајќи како пример дека роботизираното такси (роботакси) би ја зголемило искористеноста на возилата за пет пати поради тоа што сопствениците би можеле да ги искористат своите автомобили како такси кога не им требаат за приватно возење.

Смелите ветувања на милијардерот во индустријата на електричните автомобили се соочуваат со голем предизвик, од технологија до регулативи, оценува британската агенција со констатација дека „Tesla“ и другите компании во областа на автомобилските технологии со години наназад не успеале да остварат цели со софтвер за автономно возење.

Маск исто така изјавил дека неговите инженери работат на лансирање на хуманоиден робот кој ќе се нарекува Оптимус, а на крајот тој би можел да го реши проблемот со недостаток на работна сила, додека во првата фаза би можел да носи роба ширум фабриките.

„Мислам дека роботот има потенцијал со текот на времето да стане позначаен за работа отколку возилата“, додал тој.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ