петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsАлармантна е состојбата: Над 150 ученици не се вратија во училиште во...
spot_img

Алармантна е состојбата: Над 150 ученици не се вратија во училиште во Штип и Кочани, се отселиле од „мајка“ Македонија

Над 80 ученици од штипските средни и основни училишта денес не тргнаа на училиште поради тоа што со своите семејства заминале во странство. Најалармантна е состојбата во основните училишта, посебно во училиштето Димитар Влахов лоцирано во населба со помлада популација. Од септември до декември во ува училиште исписница побарале триесет ученика.

 „Во средините општински училишта имаме испишано 12 ученици на ниво на општина, додека кај основните училишта ситуацијата е повеќе загрижувачка. Таму имаме 69испишан ученика, односно за нив е побарано исписници„-изјави Снежана Санева од Општина Штип. 

Негативниот тренд не го заобиколува ниту Кочани. Бројот на ученици од прво во второ полугодие само по основ заминување во странство е намален за 63. И таму најголем процент се основци. Сепак надежда не ги напушта општинските власти. Праксата покажува дека еден дел од семејствата кои заминале, повторно се враќаат во своите родни огништа.

„Некаде околу 20 до 30% од тие што си заминуваат повторно се враќат. Најчесто и заминувањето што се случува го земаат за еден месец бидејќи и учениците толку може да отсуствуваат од настава. Токму и во тој период семјствата дознаваат дали ќе останат или ќе се се вратат„ изјави Снежана Санева од Општина Штип.

Иселувањето , но и белата чума си го направи своето. Годинава во Кочани првото бебе се роди на тринаесетиот ден во годината, а според последниот попис за две декади од државата ни се се иселиле околу 200 илјади граѓани.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ