сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаОсмани објави фотографии од посетата на Пендиков: Тој вициозен циклус во кој...
spot_img

Османи објави фотографии од посетата на Пендиков: Тој вициозен циклус во кој сме навлезени мора да престане

Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, денеска беше во посета на повредениот охриѓанец Пендиков.

Османи на Фејсбук објави фотографии од посетата:

– Заедно со мојот колега, Николај Милков, денес во Софија во посета на повредениот македонски државјанин Христијан Пендиков, кому му посакав брзо закрепнување.

Инцидентот од Охрид не ги одразува вредностите на граѓаните на Република Македонија, на нашето мултиетничко општество и ќе се погрижиме да има нула толеранција за насилство како одговор на било кој проблем, а најмалку на меѓуетничкиот соживот.

Нема да се дозволи негирање на бугарската заедница во Македонија, како што нема да се дозволи и негирање на македонскиот народ, и заедно – Македонците, Бугарите, Албанците, Турците и другите ќе живеат подеднакво слободни.

Секое доаѓање на политичари кои го навредуваат и негираат македонскиот народ, ќе мораме сериозно да го адресираме. Тој вициозен циклус во кој сме навлезени мора да престане. – напиша Османи на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ