петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаСпортРоналдо месечно плаќа 800 000 евра на браќата близнаци кои се грижат...
spot_img

Роналдо месечно плаќа 800 000 евра на браќата близнаци кои се грижат за неговата безбедност

Португалскиот фудбалер и официјално беше претставен како ново засилување на Ал Наср. На церемонијата на стадионот во Ријад присуствуваа голем број навивачи.

Со оглед на огромниот интерес, настанот беше максимално обезбеден, а телохранителите на Роналдо повторно „скокнаа“ во преден план.

Имено, браќата близнаци Хорхе и Серхио Рамаљеиро се грижат за безбедноста на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Станува збор за поранешни припадници на елитните воени единици, кои биле на мисии во Авганистан. Во армијата се приклучиле веднаш по завершувањето на училишт, а завршиле во единицата на специјалните сили наречена „командоси“.

Откако се вратиле во родната Португалија, тие работеле во полиција и биле задолжени да ги чуваат судиите и политичарите. Потоа решиле да работат приватно.

„Се облекуваат елегантно, изгледаат сосема обично и лесно се вклопуваат во околината, но брзо размислуваат и дејствуваат во вистинско време“ – изјави еден од членовите на тимот.

Според некои информации месечно заработуваат околу 800 илјади евра.

Браќата често се фотографираат со Кристијан, но и со неговата сопруга Георгина Родригез.

Роналдо и претходно работел со специјалните сили – своевремено негов телохранител беше воениот падобранец Нуно Марекос, а го чуваше и поранешниот ММА борец Гонзало Салгадо.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ