петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивотСимо од Штип 103 пати ја дочекал Нова година, помалиот брат Ристо...
spot_img

Симо од Штип 103 пати ја дочекал Нова година, помалиот брат Ристо ќе наполни 100 години – на доктор не отишле, кој е трикот за долг живот?! (ВИДЕО)

Дедо Симо има полни 103 години и живее во штипското село Стар Караорман. До пред само една година активно се занимавал со земјоделство, кога доживеал повреда на „работното место“, јавува Сител тв.

Затоа, токму на првиот ден од новата година штипскиот градоначалник Иван Јорданов одлучил наместо кај новороденчето поради почитување на процедурата во болницата, денот да го помине со најстариот жител во општината,

„До 102 години активно работеше во бавчата и оваа година имаше негови производи, тој што ги беше посадил. Сакал да посади некое семе во оранжериите, но паднал и залегна. Еве една година како лежи во кревет. Нозете не му се добри, инаку здравствено е добар, јаде 2 до 3 пати дневно“, изјави Круме Насков, син на Симо.

Симо има и брат, кој е нешто помлад и сега во месец февруари ќе наполни само 100 години. Здравјето одлично ги служи, а во продолжение дознајте која е тајната на долгиот живот.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ