петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаОпштина Штип од годинава за првпат почна со доделување на стипендии на...
spot_img

Општина Штип од годинава за првпат почна со доделување на стипендии на ученици за посебни достигнувања (ФОТО)

За првпат од оваа година Општина Штип почна со доделување на стипендии на ученици за особени постигнувања на државни и меѓународни натпревари.

Денес беа потпишани и доделени 13 стипендии и 4 еднократни парични награди на учениците од Општина Штип.

Стипендиите и еднократни парични награди се доделуваат согласно Ранг-листата од Комисијата за наградување на учениците од Општина Штип за особени постигнувања на државни и меѓународни натпревари, врз основа на спроведен Јавен повик.

Стипендиите се доделуваат за период од 12 месеци, за учебната 2022/2023 година.

Стипендија во износ од 3.000,00 денари месечно, се доделува на:

Дамјан Давков

Иван Костевски

Марио Ванчоски

Стипендија во износ од 2.500,00 денари месечно, се доделува на:

Теодора Стојчевска

Даниел Христов

Дора Милева

Стипендија во износ од 2.000,00 денари месечно, се доделува на:

Стефан Гулиќ

Драган Костадинов

Сара Јакимовска

Дијана Арсова

Ана Арсова

Јована Митева

Андреа Кукушева

Еднократни парични награди во износ од 30.000,00 денари се доделува на прворангираните четворица кандидати, кои ги исполнуваат условите за добивање еднократни парични награди:

Дамјан Давков

Иван Костевски

Марио Ванчоски

Теодора Стојчевска

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ