сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивотНово правило: Нема да има погреби на овие празници!
spot_img

Ново правило: Нема да има погреби на овие празници!

Владиката г.г. Стефан забрани погреби за време на празнувањето на Св. Никола и правилото почнува да се применува од оваа година. Починатите од сабота, недела и од понеделник ќе се погребуваат во вторник, пренесува “А1он”.

Скопската православна епархија потврди дека нема погреби за време на празнувањето на Св. Никола, но верниците ќе треба да ги одложат погребите и за време на Божиќ и Велигден.

„По барање на целокупното свештенство од Скопската православна епархија, а за што се известени и директорите на АД ‘Бутел’ – Скопје, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан дал благослов на денот на празнувањето на Св. Никола да не се извршуваат погребенија, пракса што црквата ќе ја применува и за саботните задушници, како и за празниците Божиќ и Велигден“, кусо објаснуваат за „А1он“ од Скопската православна епархија.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ