петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsЈапонци ја подновија штипската болница, ѝ купија рендген-апарат од 56.000 евра
spot_img

Јапонци ја подновија штипската болница, ѝ купија рендген-апарат од 56.000 евра

Инфективното одделение на Клиничката болница во Штип доби нов мобилен рендген-апарат како донација од Јапонската влада во вредност од 56.000 евра, објави „СДК.мк“. Пациентите од регионот кои се згрижуваат на одделението сега нема да мораат да бидат транспортирани на Рендгенологија, што е голем проблем за вработените, а посебно за пациентите со ковид-19.

„Драго ми е што овој апарат пружа поквалитетна здравствена заштита за пациентите од регионот кои гравитираат кон Клиничката болнца во Штип како регионален центар и што придонесе да се намали ширењето на коронавирусот како резултат на брзата дијагностика“, рече на македонски јазик јапонскиот амбасадор во Македонија, Хиронори Савада.

„Новиот рендген апарат веќе направи снимки на стотина пациенти, со што се потврдува важноста на современиот апарат. За време пандемијата, сите хоспитализирани пациенти на Инфективно за рендген снимки мораа да бидат амбулантски транспортирани до Рендгенологија што претставуваше голем проблем за вработените, но посебно за пациентите со кислородна поддршка кои доживуваа стресови и трауми“, вели раководителот на Одделението, Дијана Шишкова-Гајдарџиска, додавајќи дека сега на таму хоспитализиран само еден пациент со ковид-19.

Директорот на Клиничката болница, Ален Ѓеорѓијев, вели дека кога Инфективното одделение ќе нема потреба од мобилниот рендген апарат, се планира да биде дислоциран и во останатите одделенија, посебно во Ортопедија и Трауматологија.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ