сабота, декември 10, 2022
Google search engine
ПочетнаМагазинСветско а наше: Македонката Симона Аврамова го нашминка Лионел Меси на легендарната...
spot_img

Светско а наше: Македонката Симона Аврамова го нашминка Лионел Меси на легендарната фотографија со Кристијано Роналдо

Фотографијата на која Лионел Меси и Кристијано Роналдо играат шах на куфер од брендот „Луи Витон“ е една од најпопуларните објави во историјата на социјалната мрежа Инстаграм, со нешто повеќе од 37 милиони допаѓања.

Но, малкумина знаат дека Македонката Симона Аврамова беше задолжена за шминката на аргентинската фудбалска легенда Меси, за потребата на оваа, сега веќе, култна фотосесија.

Оваа талентирана девојка речиси седум години живее во Барселона и работи како професионална шминкерка и фризерка на голем број светски познати личности, за потребите на повеќе реклами, модни едиторијали и филмови.

Ексклузивно за „Слободен печат“, таа раскажа како дошло до оваа соработка и како се чувствува во врска со тоа што е дел од приказната што моментално е главна тема во новинарските написи.

„Иако сум му професионален шминкер на Лео Меси веќе подолго време, кога продукцијата ми кажа дека ќе имаме фотосесија со Ени Лејбовиц како фотограф и нејзината сестра Барбара Лејбовиц како видеографер за ‘Луи Витон’, вклучувајќи го и Кристијано Роналдо, јас си реков: ‘Ова ќе биде фотосесија на годината!’. Многу бев возбудена за можноста да бидам дел од тимот – сите беа толку прекрасни и професионални. Пред сѐ, сите бевме многу среќни и возбудени што создаваме една таква историска фотографија“, изјави Аврамова за „Слободен печат“.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ