По објавената вест за починатиот маж во текстилна компанија од Штип, експресно пристигна појаснување и од конфекцијата.
Имено, преставник од текстилната компанија истакна дека вработените по немилиот настан биле пуштени дома, односно во 13:15 часот вработените ги напуштиле работните места со организиран превоз.
Работниците биле на своите работни места само додека да пристигне превозот, бидејќи се работи за поголем број вработени и потребна е поголема организација.
Од компанијата се извинуваат за претрпениот стрес на вработените, а до семејството на починатиот упатуваат искрено сочувство.