четврток, септември 29, 2022
Google search engine
ПочетнаМакедонијаДојде крајот на летото - За 48 часа тотален временски пресврт во...
spot_img

Дојде крајот на летото – За 48 часа тотален временски пресврт во Македонија: Дожд и грмежи, а температури под просек!

Под влијание на јужно воздушно струење, особено топло ќе биде денес и утре со дневна температура над повеќегодишниот просек. Ќе биде активно жолто ниво на опасност од високи температури, а особено во западните делови ќе дува и засилен југозападен до западен ветер. Во сабота ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во недела особено претпладне ќе има појава на краткотраен пороен дожд и ќе дува силен северен ветер кој најпрвин во северните делови ќе донесе значително заладување.

Времето денес ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер кој во западните делови ќе биде западен и ќе засилува, а вдолж Повардарието ќе биде југоисточен. УВ=7

За утре се најавува сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер претежно од западен правец кој повремено и особено во западните делови ќе засилува. УВ=7

Во Скопје, сончево и натпросечно топло со мала облачност и со слаб до умерен југозападен ветер.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ