петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаСтатистиката во Македонија е загрижувачка: Просечната старост на автомобилите и автобусите се...
spot_img

Статистиката во Македонија е загрижувачка: Просечната старост на автомобилите и автобусите се искачи на 19,5 години

По македонските патишта се вози ем лошо ем со стари возила, чија што просечна возраст се зголемува од година во година. Нови загрижувачки податоци објави Државниот завод за статистика (ДЗС) за тоа каква била старосната возраст на возилата на крајот од 2021 година. Неславен рекорд на возниот парк е достигнат кај сите видови возила, но најзагрижувачка е состојбата кај регистрираните автомобили и автобуси, чија просечна старост лани се искачила на 19,5 години.

Сепак, загрижувачка е состојбата со автобускиот возен парк во Македонија. Во 2020 година просечната старост на автобусите изнесувала 18,2 години, односно за само една година старосната возраст на овие возила е зголемена за 1,3 години. И товарниот транспорт се соочува со идентичниот проблем, па така товарните возила што се движат по патиштата лани имале просечна возраст од 16,9 години, додека старосната возраст на влечните возила изнесува 13,3 години.

Статистичките податоци за годината на производство на возилата со регистарски таблички што сообраќаат во Македонија се исто така алармантни. Од речиси 550.000 возила што се регистрирани во земјава, дури 387.373 се произведени пред 2007 година, односно се постари од 14 години и со тоа имаат пониски ЕУРО стандарди на моторот во делот на испуштањето на штетни гасови во атмосферата. Притоа, по македонските улици се движат 350.000 автомобили, 1.801 автобуси и 22.537 камиони произведени пред 2007 година.

Наспроти ова, информациите на ДЗС се безмилосни во одност на новите возила. На 31 декември 2021 година, во земјава имало само 7.491 возило што било произведено истата година, односно било купено како ново. Притоа, како нови возила произведени во 2021 година имало 3.770 автомобили, 1.027 товарни возила и само 12 автобуси.

Голем е и бројот на возила што ги користат граѓаните и компаниите, а кои се произведени во периодот од 2008 до 2010 година – вкупно 76.221, од кои најголемиот дел се автомобили. Низ целата земја возила произведени во изминатава деценија, кои имаат мотори што ги задоволуваат ЕУРО 5 и ЕУРО 6 стандардите за емисии на издувни гасови се само 95.824 возила, односно скромни 17 отсто од вкупниот број на автомобили, автобуси, камиони, трактори, мотори и други моторни превозни средства што сообраќаат низ земјава.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ