петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаЧеститки, повторно срушивме рекорд: Македонија има најскап леб во регионот – месењето...
spot_img

Честитки, повторно срушивме рекорд: Македонија има најскап леб во регионот – месењето на леб дома станува „тренд“ и потреба!

Цената на лебот во Македонија низ маркетите се движи од 50 до 95 денари зависно дали е обичен, бел или интегрален леб.

Некои од домаќинките веќе размислуваат да месат леб, но и брашното е околу 50 денари, а ако на тоа се додаде дека треба да потроши и струја, велат ни таа варијанта не се исплаќа. Дури и четврт бурек стигна до 75 денари. Ова се цените што ги затекнавме утрово од нашата обиколка во поголемите маркети низ градот.

Споредено со земјите од регионот во Македонија лебот е најскап и се приближува до цената на лебот во европските земји.

  • Србија 29 денари (цената е замрзната)
  • Косово 0.50 центи (30 денари)
  • Грција 0.83 центи (51 денар)
  • Германија 1.23 евра (75 денари)
  • Франција 1.53 евра (94 денари)

Во меѓувреме во тек е и жетвата на лебното зрно, за кое пак земјоделците се жалат дека е откупната цена е ниска, а доколку среде откуп сакаат да се зголеми цената на лебот, ќе бараат повисоки цени и за пченицата.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ