сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаСпортШтипјанецот Миовски со порака до противниците: Ќе дадам уште многу голови за...
spot_img

Штипјанецот Миовски со порака до противниците: Ќе дадам уште многу голови за Абердин, стилот на игра ми одговара

Бојан Миовски не го криеше воодушевувањето по одличното деби за Абердин, откако македонскиот репрезентативец постигна еден гол и една асистенција за 60 минути игра на куп-дуелот со Реит.

Македонецот во изјава за Абердин ТВ веднаш по мечот изрази задоволство за дебито, но и најави уште многу голови во дресот на шкотскиот премиерлигаш.

„Чувството е фантастично, да се заигра за Абердин и веднаш да се постигне гол. Подолг период морав да тренирам сам и индивидуално да се подготвувам. Малку ме фаќаше и нервоза чекајќи зелено светло за да допатувам, но сега сето тоа е зад мене, почнав да играм и да постигнувам голови. Благодарност до соиграчите кои ме оставија да го изведам пеналот, тој гол ќе ми помогне за уште поголема самодоверба за наредните натпревари. Не чувствував нервоза, знаев каде ќе шутирам и само ја удрив топката силно, знаев дека голманот нема шанса да ја запре на патот до мрежата. Ми се допаѓа стилот на игра на Абердин, офанзивна екипа која испраќа многу центаршути за напаѓачите, затоа и сум оптимист дека ќе дадам уште многу голови за овој тим“, истакна Миовски за клупската телевизија на Абердин.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ