петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаСпортЕкс-капитенот на Брегалница ќе игра заедно со Балотели - Јован Манев ќе...
spot_img

Екс-капитенот на Брегалница ќе игра заедно со Балотели – Јован Манев ќе има привилегија да учи од легендарниот Монтела (ФОТО)

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Јован Манев прави нов чекор во кариерата и од Брегалница се сели во Турција.

Манев имаше квалитетни настапи за составот од Штип минатата сезона каде одигра 30 натпревар во ПМФЛ, даде два гола и една асистенција, па овие партии заедно со оние во националниот тим до 21 година донесоа интересни понуди за него, а тој ја одбра онаа од Адана Демирспор.

Адана е турски прволигаш кој го води италијанскиот стратег Винченцо Монтела, тука е Марио Балотели, потоа искусниот Ѓокхан Инлер, потоа некогашниот член на ПСЖ и Тотенхем, Бенжамaн Стамболи…што значи дека Манев доаѓа во средина во која може многу да научи.

Според неофицијални информации Брегалница од оваа еперација би можела да заработи околу 500.000 евра.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ