сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsБочварски: Кога ќе се изгради браната на река Отиња ќе се разгледа...
spot_img

Бочварски: Кога ќе се изгради браната на река Отиња ќе се разгледа од каде ќе се полни истата!

Градежните активности за брана на река Отиња се веќе во тек, вака барем уверува министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Бочварски, воедно истакна дека се уште не се знаат опциите од каде ќе се полни браната.

„Кога ќе се изгради браната на река Отиња ќе се разгледа од каде ќе се полни истата“, изјави Бочварски.

Министерот за транспорт и врски засега нема решение за евентуални акумулации од каде ќе се снабдува со вода идната брана на река Отиња, па само потенцираше дека најважно е прво да завршат градежните активности.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ