петок, мај 27, 2022
Google search engine
ПочетнаМагазинНеверојатен имот во Лас Вегас чини 25 милиони евра, има и терминал...
spot_img

Неверојатен имот во Лас Вегас чини 25 милиони евра, има и терминал за авиони

Оние кои бараат имот со многу простор и уникатни карактеристики, а во исто време имаат милиони на нивните банкарски сметки, сега имаат можност да си земат нешто навистина посебно во своја сопственост.

Станува збор за ранчот Casa de Shenandoah кој се наоѓа надвор од Лас Вегас и чини 25 милиони долари. Овој имот некогаш му припаѓал на американскиот пејач и актер Вејн Њутн, а го красат голем број интересни карактеристики.

Главната вила, меѓу другото, има 3 спални соби и 7 бањи, а дел од имотот се и 7 дополнителни објекти за живеење.

Во главната вила скалите се направени во комбинација од бело и златно, подот е од мермер, а сето тоа заедно придонесува за естетиката карактеристична за Вегас.

Дел од имотот е дури и терминал кој овозможува пристап со авион до самата вила.

На имотот има и музеј за автомобили, кој може да прикаже до 100 возила, а достапна е и штала за коњи. Покрај тоа, постои дури и зоолошка градина која порано била дом на егзотични животни. Новиот сопственик ќе има и соба за игри и тениско игралиште во рамките на имотот.

Пред вилата има прекрасен базен, додека сопственикот ќе може да шета по тревниците и покрај езерото.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ