На раперот Стефан Ѓуриќ Расти денеска, 18 април, му беше отстранета алката за следење на извршувањето на казната куќен затвор, откако помина осум месеци во домашен притвор.
Раста конечно е слободен, а алката му ја симнале околу 10 часот. Ѓуриќ веднаш ја искористи слобдата и отиде во студио да сними спот со македонскиот рапер Таско.
Раста беше приведен во октомври 2020 година во центарот на Белград, со неколку пакувања марихуана и сканк, а при претресот на неговиот стан полицијата пронашла уште недозволени материи. Адвокатот на Раста тврдеше дека раперот имал наркотици за своја употреба, а не за продажба.
Раста четири месеци беше задржан во Окружниот затвор во Белград поради нелегално поседување сканк и кокаин за лична употреба. Раперот подоцна склучи спогодба за признавање вина со белградското Вишо јавно обвинителство и беше осуден на една година домашен притвор, односно осум месеци, бидејќи помина четири месеци во притвор.