понеделник, јули 4, 2022
Google search engine
ПочетнаСпортЗа денешниот мирен протест - БК „Олимпија“ повика на поддршка од сите...
spot_img

За денешниот мирен протест – БК „Олимпија“ повика на поддршка од сите граѓани

БК „Олимпија“ денес со мирен протест ќе се спротистави на неправдите за кои сметаат дека им се направени од Боречката федерација. Раководството ги повика родителите и сите останати граѓани кои сакаат да ги поддржат и да дадат свој придонес, да се приклучат на протестот.

„Боречкиот клуб „Олимпија“ ве повикува преку мирен протест да го искажеме нашето незадоволство и дискриминацијата на нашите членови од страна на Федерацијата на боречки спортови и немањето на слух на Агенцијата за млади и спорт за да реагира на нашето барање да учествуваме на домашните натпревари. Зошто ни е скратено правото за настап повеќе од три години во сопствената држава? Протестот ќе се одржи на Плоштадот „Слобода“, во четврток, во 12:30 часот“, вели тренерот на БК „Олимпија“, Кире Нисев.

Како што и претходно истакнаа од клубот, сметаат дека „Олимпија“ е суспендирана без да се земат предвид сите факти и аргументи. Затоа по сите испратени барања и преземени правни механизми, но по и разговорите со членовите на Олимпискиот комитет во врска со неоснованата дискриминација, велат дека се приморани да ја преземат последната непопуларна мерка, односно протест. Членовите на БК „Олимпија“ бараат поголема поддршка од сите со цел правдата да биде задоволена и тие да бидат достојни репрезенти на градот и државата.

Ребека Спасова М-Нет

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ